Избришани првите 4.300 неактивни фирми од ЦР

Bez autora
May 13 2013

Централниот регистар почна со бришење на неактивните фирми. Од Трговскиот регистар се извадени 4.300 од околу 5.200 компании кои се идентификувани како неактивни затоа што не ја потврдиле идентичноста на податоците пренесени од хартиена во електронска форма во единствениот трговски регистар по формирањето на едношалтерскиот систем. За останатите над 1.000 од оваа група, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување поднел пријава за стечај и тие ќе згаснат откако низ стечајната постапка ќе се наплатат пензиските придонеси што ги должат. Ова е само првата група на неактивни субјекти за бришење. Централниот регистар утврдил дека од вкупно 100.000 регистрирани друштва во државата не работат дури една третина или 33.000 до 35.000. За тие фирми УЈП проверува дали имаат некаква активност. За оние што ќе се утврди неактивност, исто како и за првата група од над 5.000 ќе следи бришење според истата постапка.

Избришани првите 4.300 неактивни фирми од ЦРЦентралниот регистар почна со бришење на неактивните фирми.

Од Трговскиот регистар се извадени 4.300 од околу 5.200 компании кои се идентификувани како неактивни затоа што не ја потврдиле идентичноста на податоците пренесени од хартиена во електронска форма во единствениот трговски регистар по формирањето на едношалтерскиот систем. За останатите над 1.000 од оваа група, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување поднел пријава за стечај и тие ќе згаснат откако низ стечајната постапка ќе се наплатат пензиските придонеси што ги должат.

Ова е само првата група на неактивни субјекти за бришење. Централниот регистар утврдил дека од вкупно 100.000 регистрирани друштва во државата не работат дури една третина или 33.000 до 35.000.

- За тие фирми УЈП проверува дали имаат некаква активност. За оние што ќе се утврди неактивност, исто како и за првата група од над 5.000 ќе следи бришење според истата постапка. Останатите околу 30.000 компании во три групи ќе бидат објавени на нашата веб страница и ќе бидат повикани нивните доверители или лица овластени за управување да поднесат изјава за стечај или ликвидација во рок од 30 дена од денот на објавувањето на списокот. Тие за кои нема да добиеме таква изјава, веднаш ќе ги избришеме од Регистарот, а за останатите ќе тече вообичаената постапка за стечај во судовите - вели Ванчо Костадиновски, директор на Централниот регистар.

На следниот список што ќе се објави на интернет-страницата на Регистарот се очекува да има 6.500 компании. Тоа се фирми кои во последните три години не поднеле годишна сметка. Сега УЈП проверува дали неподнесувањето на годишната сметка значи и дека немале активност. Веднаш по нив на веб страницата на Регистарот со повик до доверителите или сопствениците да покренат стечај ќе се најдат уште 7.000 трговски друштва кои редовно поднесувале годишна сметка, но последните три години таа била празна.

Во четвртата група за бришење се блокираните фирми. Нив ги води УЈП откако ги презема од Агенцијата за блокирани сметки. Сопствениците на овие компании по евидентирањето во Агенцијата не ја мигрирале својата сметка во некоја од комерцијалните банки. Се очекува во оваа група да има 14.000 компании, од кои најголемиот дел се навистина со блокирани сметки. И за нив УЈП проверува дали имаат некаква активност.

Откако овој процес ќе заврши, Трговскиот регистар значително ќе се олесни и според сегашните очекувања во него треба да останат 70.000 до 89.000 компании кои навистина работат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik